Cool Ski School

Детали за обуката

Како искусен ски инструктор на ски центарот Попова Шапка, заедно со мојот тим, нудиме професионални часови за сите нивоа – од почетници до напредни скијачи.

✅Дневна ски школа

– 4 до 5 часа обука дневно

✅За сите возрасти

– Од 4 до 70 години

✅Опрема

– Учениците можат да донесат своја ски опрема или да ја изнајмат на Попова Шапка

Австрискиот систем за скијање

Што го прави австрискиот систем посебен?

✅Структуриран пристап

– Обуката е поделена во јасни фази, од основи до напредни техники.

✅Природно учење

– Користиме забавни и практични вежби за брзо совладување на техниките.

✅Безбедност на прво место

– Сите часови се одвиваат во контролирана средина, прилагодена за секое ниво.

✅Современи методи

– Се применуваат иновативни вежби инспирирани од австриските ски школи, како што се игри за подобрување на рамнотежата, реакцијата и контролата.

Како изгледа процесот на закажување?

📩 Испратете барање

– Изберете ги датумите кога сакате да имате ски обука и испратете барање.

📩 Добивање на понуда

– Ќе добиете одговор преку е-пошта, СМС и Viber со вкупната цена.

📩 Потврда на резервацијата

– По прифаќањето на понудата, вашата резервација е потврдена.

Препорачуваме резервации по писмен пат за поголема сигурност.

Нашата програма до успешно Скијање

1.Безбедна почетна зона

📍 Обуката започнува во ограден простор со заштитни мрежи, каде што скијачите учат основни вештини без ризик.

📍 Поставени се чунови и капии околу кои скијачите вежбаат свртување.

2. Основи на скијањето

🎿 Запознавање со опремата – Правилно поставување на скиите и користење на стапчињата.

🎿 Привикнување на скиите – Одење со скии, лизгање во место, учење на правилно паѓање и станување, со и без помош.

3. Забавни вежби за подобра техника

🛴 Возење "тротинет"

🎳 Куглање на снег

🎶 Свирење музички инструменти

🫗 Келнерска техника

🎾 Тенис и кошарка на скии

👉 преку 30 различни техники

4. Напредно скијање и движење на терен

🚡 Кога ученикот ќе научи да свртa и кочи, продолжуваме на седишница (двосед жичарница), а потоа на ски-лифт.

⛷️ Прво вежбаме на поблаг терен, а со напредокот се движиме кон пострмни падини.

🌲 За најавантуристичките ученици, следи скијање надвор од стази – во длабок снег, шума и нерамни терени.

5. Дополнителни услуги

🚐 За групи е организиран

превоз од Скопје и Тетово

со комбиња и возила.

⏳Придружете ни се и доживејте ја магијата на скијањето со забавен и професионален пристап!

Вклучено во цената:

✅ Професионална ски обука

✅ Дневна ски школа (4-6 часа)

✅ Обука за сите возрасти (5-70 години)

❌ Храна

❌ Ски опрема (изнајмување 300-500 ден/ден)

❌ Лифт карта за ски центарот

Ценовник

Група (Минимално 3)

3 скијачи - 1200 Денари од лице за цел ден

4 скијачи - 1100 Денари од лице за цел ден

5 скијачи - 1050 Денари од лице за цел ден

6+ скијачи - 1000 Денари од лице за цел ден

Индивидуално ( 1 - 2 )

1 скијач - 1400 Денари од лице за 1 саат

2 скијачи - 1200 Денари од лице за 1 саат

Галерија

Често поставувани прашања (FAQ)

1. Како можам да резервирам ски обука?

📩 Испратете барање со избор на датумите кога сакате да имате ски обука.

📩 Ќе добиете одговор преку е-пошта, СМС и Viber со вкупната цена.

📩 По потврдување, вашата резервација е завршена.

2. Кои возрасти можат да учат скијање?

👶 Нашата ски школа е наменета за сите од 4 до 70 години.

3. Колку време е потребно да научам да скијам?

⏳ Зависи од физичката подготвеност, дисциплината и желбата. Во просек, основите се совладуваат за 2 до 6 дена.

4. Дали треба да носам своја ски опрема?

🎿 Учениците можат да донесат своја опрема или да ја изнајмат на Попова Шапка (цена од 300 - 500 ден/ден).

5. Дали цената на обуката вклучува ски карта?

🎟️ Не. Лифт картата се плаќа посебно. Почетниците првите денови не мораат да купуваат ски карта, додека не почнат да користат жичарница.

6. Како се одвива обуката?

✅ Обуката започнува во безбеден, ограден простор со вежби за рамнотежа.

✅ Потоа следуваат техники за свртување, кочење и движење на снег.

✅ По напредокот, се продолжува со жичарница, а за најискусните – скијање надвор од стази.

7. Дали има организиран превоз?

🚐 Да, за групи е достапен организиран превоз од Скопје и Тетово со комбиња и возила.

⛷️ Имате уште прашања? Контактирајте не и резервирајте вашата обука денес!

Контакт

Емаил:

Телефон: